ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРНО И ДУХОВНО НАСЛЕДСТВО „КАЛАМУС“
|
|
|
ЦЕЛИ:
- Заштита и популаризација на културното наследство во Република Македонија (IX-XIX век)
- Презентација на културното наследство од средновековниот и подоцнежниот период низ соодветни форми и медиуми
- Реанимирање традиционалните ликовни техники и уметнички изразувања од овие простори
- Унапредување на конзерваторските методи по одделни ликовни техники
- Остварување на регионална и меѓународна соработка за координација на напорите на истражувачите и експертите од различни земји во регионот
- Унапредување на комуникацијата на луѓето од различен национален и религиозен профил, творци и корисници на културата, уметноста и традиционалните вредности вградени во културната матрица на Балканскиот регион
- Промоција на свеста за значењето на културното наследство за историскиот и културниот идентитет на различните народи и регионот во целост
Поставените цели на центарот ќе се објективизираат преку реализација на следните дејности: |
ИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ:
- Анализа на состојбата на културното наследство во Република Македонија преку валоризација и категоризација на спомениците за да се утврди нивната вредност и категорија, со што ќе се овозможи создавање на приоритетна листа на споменици на културата
- Проучување на културното наследство во Република Македонија од византиската и поствизантиската епоха, исламскиот културен круг и периодот на преродбата (IX-XIX век)
- Анализа на конкретните проблеми за историско-уметничкото значење на спомениците и дефинирање на конзерваторско-реставраторските зафати за нивна заштита како континуиран процес на активно учество во зачувувањето на трајните вредности на споменичното наследство
- Реализација на регионални истражувачки проекти за расветлување на аспектите на заедничкото културно и духовно наследство, со вклучување на меѓународни експерти од Балканскиот простор
- Воспоставување врски со сродни центри и институции за усогласување на стандардите за терминолошка компатибилност на категориите на културното наследство, како придонес за интеграцијата на преземените истражувања во современите текови на меѓународната историографија
|
 |
 |
ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ
- Организација на семинари и други едукативни форми за обука и усовршување на кадри од областа на историско-уметничките дисциплини и од доменот на споменичната заштита за стекнување и продлабочување на знаењата неопходни за непосредната заштита на културното наследство
- Организирање на работилници и школи за одредени ликовни техники во автентичен амбиент и културни локации, што ќе даде практичен и непосреден придонес за унапредувањето на состојбите на спомениците на културата
|
АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТ
- Промовирање на културниот туризам како непосреден придонес за секојдневното опстојување на спомениците на културата и менување на односот на населението кон сопственото културно наследство, со негово непосредно вградување во културата на живеењето
|
 |
 |
ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
- Електронско и печатено издаваштво за презентација на одделните културни споменици, ликовните школи и регионалното споменично богатство и популаризација и афирмација на историско-уметничките вредности на спомениците со што ќе се зголеми фондот на стручни, популарни и едукативни изданија за културното наследство од Република Македонија
- Стручно/научно елаборирање/монографски трудови и студии
- Објавување на популарни изданија и проспекти
- Продукција на едукативни публикации
|
| |
Ул. Партениј Зографски 3-Б
1000 Скопје Република Македонија
Телефон +389 2 735 031 +389 70 509 856
E-mail:
nikdarko@kalamus.com.mk |
|