БИБЛИЈА CD-ROM : ГАЛЕРИЈА

            Галеријата ни нуди можност интермедијално да ја проследиме Библијата како вечен и непресушлив извор на творечката мисла и инспирација за уметничката дејност низ историското опстојување во пазувите на Македонската Православна Црква.
             Галеријата овозможува, по автоматски ред или пак по индивидуален избор, прегледување на 700 илустрации од културното наследство на Македонија.
             За потребите на овој проект, во период од неколкугодишно константно работење, снимени се најзначајните манастириски цркви и ризници, музејски збирки шириум Македонија и направени се над 3000 професионални слајдови.
             Во оваа Галерија Ви нудиме дел од творештвото на македонскиот гениј кое како непроценлив скапоцен камен зазема почесно место во круната на светското културно наследство.
             Оваа двојазична презентација на културни вредности (на македонски и на англиски јазик) е наш придонес во афирмирањето на македонското културно и духовно наследство на заслуженото место во Македонија и надвор од неа и воедно поттик за издигнување на чувството кај сите нас за негово сочувување и заштита за следните генерации на кои тоа безусловно им припаѓа.

 

(c) Сите права се задржани од Каламус / Изработил Aspekt