БИБЛИЈА CD-ROM : ИЛУСТРИРАНО ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ

            Денес, дигиталните медиуми претставуваат најсовремено средство за комуникација во светот бидејќи најсреќно ги поврзуваат класичните техники на презентирање на едно уметничко, научно или популарно творештво. Во нашиот случај, овој медиум ќе ни овозможи тотална комуникација и нов начин на восприемање на текстот на Библијата. Четвороевангелието ќе биде проследено со текст, восприемано низ слика (фреска, икона, резба, мозаик итн.) и прочитано на македонски јазик.
             За потребите на Илустрираното Четвороевангелие во духот на современата дигиталната уметност, дизајнирани се над 200 компјутерски страници за што беа употребени над 800 илустрации и повеќемесечен авторски труд.
             Македонскиот јазик, слушнат преку Христовата реч како 10 - часовен звучен запис, се надеваме дека ќе допре и до Македонците во дијаспората, насекаде во светот, како наш придонес во негувањето и сочувувањето на мајчиниот јазик кој лесно се губи во средините надвор од матичната земја.

 

(c) Сите права се задржани од Каламус / Изработил Aspekt